ТехникаХоландија
Месо од мамут
29 март 2023Реклама
Мамутите се изумрени веќе 400 години, но австралиска фирма произведе ќофтиња од нивно месо. Дали е ова почеток на нова ера на хранење – без штали, кланици и наштетување на околината?
Во вторникот вечерта во Музејот за наука НЕМО во Амстердам беа презентирани првите ќофтиња од мамутски протеини, производ на австралискиот стартап Воу, кој со години работи на развој на култивирано месо и планира да ја револуционира исхраната на луѓето.
На оваа технологија работат преку сто фирми, а во овој сектор во 2021 година се влеале 1,4 милијарди долари инвестиции.