1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиДанска

Голем пожар во историската берза на Копенхаген

ЕМФ | Тагесшау
16 април 2024

Во Копенхаген гори една од најпознатите згради - историската берза. Еден министер зборува за дански „ Нотр Дам момент“.

Данска Копенхаген | пожар во историската берза
Историската берза во Копенхаген во пламен и чадФотографија: Emil Helms/Ritzau Scanpix/AFP/Getty Images

Историската берза во Копенхаген е во пламен. Врвот на една од најстарите и најпознатите згради во данската престолнина се урна, исто како и делови од покривот. Според пожарникарите, пожарот сега се проширил на околу половина од зградата. Пожарот сѐ уште не е под контрола. Дури и неколку часа по неговото избувнување, сѐ уште има пламен и се крева чад. Во акција на гаснење се околу 120 пожарникари и 60 помагачи од вооружените сили. Неколку улици и околината на зградата се блокирани, соопшти полицијата. Како што изјави шефот на службата за итни случаи, Јакоб Ведстед Андерсен, пожарот избувнал под покривот утринава, околу 7:30 часот, и се проширил на друг објект. „Тоа е бакарен покрив и едноставно е невозможно да се влезе под овој покрив, така што огнот има доволно време да се развие“, изјави Ведстед Андерсен.

Пожарот избувнал изутринава и сѐ уште траеФотографија: IDA MARIE ODGAARD/Ritzau Scanpix/AFP

Од зградата која се наоѓа во близина на парламентот од изутрината излегува густ црн чад. Силите за спасување сè уште се обидуваат да ги спасат историските слики. Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит изјави дека е трогателно што дури и случајни минувачи брзале да им помогнат на службите за итни случаи во спасувањето на уметничките предмети.

Во Старата берза се наоѓа голема уметничка колекција, вклучувајќи го делото „Од Копенхашката берза“ на П. С. Кројер, кое во текот на пожарот беше изнесено од страна на неколку лица. На местото на пожарот има полицијата, противпожарни единици и брза помош, но засега нема информации за повредени.

Дури и случајни минувачи брзале да им помогнат на службите за итни случаи во спасувањето на уметничките предметиФотографија: Ida Marie Odgaard/Ritzau Scanpix Foto/AP/dpa/picture alliance

„Нашиот Нотр Дам-момент“

Данската премиерка Мете Фредериксен на Инстаграм ја изрази својата потресеност од пожарот. Сликите се страшни, боли да се гледа ова, напиша премиерката. Со историската берза во пламен е и дел од данската историја. Тоа е една од најсимболичните градби во главниот град - симбол на 400-годишната економска историја во Данска и незаменливо културно наследство.

Слично реагираше и министерот за култура Енгел-Шмит, кој на платформата Х напиша: „Ужасни слики од берзата утринава. Во пламен е данско културно наследство старо 400 години.“

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен го спореди пожарот со разорниот пожар во Нотр Дам. Тој на X напиша: „Ужасни слики од Борсен. Толку тажно. Иконска градба што многу ни значи на сите. Наш Нотр Дам-момент“. Пожарот во париски Нотр Дам избувна пред речиси точно пет години - на 15 април 2019 година. Притоа покривот беше речиси целосно уништен.

Огнената катастрофа на Нотр Дам

03:01

This browser does not support the video element.

Зградата моментално се реставрира

Причината за пожарот во Копенхаген сѐ уште не е позната. Градењето на објектот на берзата е завршено во 1625 година и таа сега е седиште на Данската стопанска комора. Кулата, која прикажува четири испреплетени опашки на змеј, се смета за обележје на градот и туристичка атракција. Зградата во моментов се реставрира. Со реставрацијата би требало да се поправи несоодветното реновирање на зградата во 19 век и на фасадата да ѝ се врати на првобитниот изглед.

Зградата во моментов се реставрираФотографија: Ida Marie Odgaard/Ritzau Scanpix/IMAGO/Ritzau Scanpix/AFP

Поради пожарот, беа евакуирани данското Министерство за финансии и крило на палатата Кристијансборг. Таму свои канцеларии имаат неколку пратеници и новинари. Состаноците во пленарната сала и состаноците на комисиите би требало и натаму да се одржуваат во Кристијансборг, како што е планирано.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми